Волтрит џурнал: Путин предлага самит со Трамп и Шји за прекин на војната во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин предложил одржување самит идниот месец со американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот лидер Шји Џинпинг во обид да се преговара за прекин на четиригодишната војна во Украина под услови што би биле во прилог на Москва, објави Волстрит џурнал.

Повикувајќи се на поранешен руски разузнавач, весникот објави дека Путин тој предлог го изнел во телефонски разговор со Трамп на 9 октомври. Притоа бил постигнат договор според кој САД ќе купуваат руски дизел и ќе олеснат негова продажба на глобалните пазари, наведува Воилстрит џурнал.

Американскиот претседател ги суспендираше новите санкции против Русија одобрени од Конгресот и објави договор за дизел со Кремљ.

Од друга страна, Украина во голема мера се потпира на поддршката на САД, вклучително и разузнавањето за воздушна одбрана и сателитскиот интернет „Старлинк“.