Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, најмалку четворица, заедно со приложени докази бараат да се отвори постапка за скандалозното однесување на собранискиот спикер, Талат Џафери, кој минатата недела на недоличен начин, со навреди им се обрати кон вработени во собраниските служби.
На пријавата се потпишале 22 пратеници, колку што биле присутни денеска во Собранието.
– Тоа што сакам да го истакнам е дека најмалку 4 пратеници од нашата пратеничка група биле сведоци на овој немил настан, за жал, биле внатре во самата просторија, каде на еден вулгарен и недоличен начин, претседателот Џафери ги понижавал и им вршел притисок на вработени во службата на Собранието и истите тие пратеници ќе бидат расположливи и ќе посведочат, кога ќе закаже господинот Минов ваква комисија, за тешко прекршување на етичкиот кодекс“ – рече денеска пратеникот Антонио Милошоски.
Во зависност од процената на членовите на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, според тежината на прекршокот, тие може да изречат јавна опомена или да го суспендираат Џафери на еден месец.