ВМРО-ДПМНЕ: Со уставните измени по примерот во Хрватска, Македонија би била држава на еден народ и на малцинствата

„Тезите на СДС и ДУИ, дека уставните измени би можело да се направат, по примерот во Хрватска, ВМРО-ДПМНЕ ги гледа како добро решение. Со овој модел, Македонија ќе биде држава на еден народ и на малцинствата во нејзе“ велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозициската партија, македонскиот Устав, ако би се земал хрватскиот модел во предвид би изгледал вака:

„Република Македонија се установува (воспоставува) како национална држава на македонскиот народ и држава на малцинствата: Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и други кои се нејзини државјани, на кои им се гарантираат исти права со тие на македонскиот народ и остварување на националните права, во склад со демократските норми на ООН“.

ВМРО-ДПМНЕ бара во насока на широкото толкување на Уставот и деталниот карактер доколку се прифати моделот Македонија од мултиетничка да стане унитарна држава, само тогаш да се впишат сите малцинства регистрирани согласно последниот попис.

Актуелната преамбула која би се менувала, според ВМРО-ДПМНЕ гласи:

„Граѓаните на Република Македонија, македонскиот народ, дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите, преземајќи…”