„Предлогот законот за парламентарни избори што го предлага ВМРО-ДПМНЕ, се однесува на бришење на девет точки од постојниот закон кои се однесуваат на техничка влада, со таа промена ќе се врати моделот на функционирање на парламентарни избори или предвремени парламентарни избори пред 2016 година“. Ова денеска на прес-конференција го изјави портпаролот на опозициската партија – Димче Арсовски.
„Ние најавивме дека ќе поднесеме предлог закон за предвремените парламентарни избори кои што по секоја цена ќе се случат, без разлика што и да си замислуваат таму во СДСМ, народот повеќе не ги сака. Во тој предлог закон што ќе го предложиме, а го најави и претседателот Мицкоски, ќе има бришење на околу девет точки од Законот што се однесуваат на техничката влада која што имавме прилика да ја видиме на кој принцип функционира изминатите години пред избори. По однос на тоа прашање последиците кои што ќе произлезат од тој предлог закон ќе биде враќање на моделот на функционирање на парламентарни изброи или предвремени парламентарни избори пред 2016 година, што доколку сметаат дека се толку сигурни во победата еве може да го прифатат и изгласаат“ – истакна Арсовски.
Тој посочи дека се подготвени да разговараат за тоа да има една изборна единица во цела држава.