Почина фронтменот на „Парни ваљак“ – Аки Рахимовски

Почина фронтменот на групата „Парни ваљак“ – Аки Рахимовски, денеска на 66-годишна возраст. Веста ја објавена на официјалната Фејсбук страна на групата.

Рахимовски кој е роден во Ниш во 1955 година, со неговото семејство уште од најмала возраст се преселува во Скопје.

Тука му се музичките почетоци, учи да свири клавир, а подоцна како тинејџер е дел од неколку рок и поп групи.

Со групата, која е основана во 1975 година  „Парни ваљак“ сними 17 студиски албуми и одржа низа концерти на просторите на поранешна Југославија.