„Од денес ВМРО-ДПМНЕ почнува со активна блокада на собранието, потребен е дијалог за предвремени парламентарни избори, Ковачевски охрабри се.
Ковачевски имаше доволно време да излезе од сенката на Заев и да го стави интересот на народот во прв план, но не се осмели.
Државата се повеќе тоне. Вчера ДЗС излезе со официјален податок и констатираше двоцифрена инфлација. За една година цените на основните производи се зголемени од 10% до 50%. Народот плаќа 30% поскапа струја и 15% поскапо парно. И секој ден има се повеќе проблеми, Ковачевски не е нов во политиката, тој беше и заменик министер за финансии. Тој е дел од проблемите, и не може да биде решение за истите.
Ковачевски треба да сфати дека Заев нема да му ги реши проблемите, тој е премиер и за сите неуспеси е директно одговорен самиот тој. Но неговите неуспеси ги плаќа и народот кој е се посиромашен. Затоа нема повеќе простор за нови обиди, државата е донесена до ситуација на повеќе кризи. Избори час поскоро.
Токму затоа потребни се предвремени парламентарни избори, а активната блокада е одговор на игнорирањето на власта“ се вели во соопштението што денеска го испратија од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.