„Власта прави се трaгедијата со автобусот на „Беса транс“ во која животите ги изгубија 45 лица, да се заташка. Веќе станува очигледно дека власта се обидува да сокрие и некого да спаси од одговорност.
Оваа трагедија однесе 45 млади животи заради низа на системски пропусти на институции. Најпрво автобусот кој патувал немал извод за лиценца за меѓународоен транспорт. Автобусот на кобното патување користел туѓи документи и таблички, а патем не бил регистриран во ситемот на Царината.
Возачите на автобусот воопшто не биле вработени во компанијата, а автобусот бил репариран и наместо фабричките 49 имал 54 седишта. Сите овие работи говорат дека Царината, МВР, Министерството за транспорт, Државниот инспекторат за транспорт се дебело одговорни за овој немил настан.
Да биде уште пожалосно, институциите после повеќе од две недели се уште немаат направено контрола на компанијата затоа што никој не им отвора, а сопственикот е надвор од државата. Ова не е ни систем, а камо ли правен систем. Затоа власта и институциите играат пинг понг со одговорноста. Затоа прават театри со други теми, за јавноста да заборави и никој да не бара одгoворност од системот.
Но одговорност мора да има. Затоа што трагедиите станаа секојдневие. Не може власта секогаш да наоѓа вина во „продолжни кабли“ за да избега од вината на институциите поради кои народот плаќа со своите животи“ стои во соопштението од опозициската ВМРО-ДПМНЕ