Владиката Петар на партиска прослава на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски му баци рака

На одбележувањето на роденденот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Битола се собраа многу членови на партијата и поддржувачи, а еден од најглавните гости беше пелагонискиот владика Петар. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премер, Христијан Мицкоски, посебно го пречека и му баци рака.

„Самото присуство на црковен великодостојник на јавен настан не е спорно. Црквата е дел од општеството и нејзините претставници честопати присуствуваат на државни, културни и општествени настани. Сепак, кога станува збор за настан со јасен партиски карактер, неизбежно се поставува прашањето дали ваквото присуство остава впечаток на политичко приближување и дали придонесува за зачувување на неопходната дистанца што Црквата треба да ја има кон сите политички субјекти“, пишува специјализираниот портал „Религија“.

Секое појавување на митрополит на партиски собири може да биде протолкувано како поддршка или идентификација со одредена политичка опција.

„Прашањето не е дали владиката Петар имал право да присуствува на настанот, туку дали таквите јавни појавувања придонесуваат за зачувување на духовниот авторитет и непристрасноста што верниците ја очекуваат од своите архиереи“, нагласува „Религија“.

извор и фото: Религија.мк