„Театарот е дел од мојот живот, многу е тенка границата меѓу театарот и животот. Како и сите други уметности и театарот беше силно погоден од пандемиската криза, сега полека се враќаме во нормала. Размислувајќи изминативе години мислам дека единката се сврте кон сама себе и мислам дека таа трка со времето се успори“ – вели режисерката Нела Витошевиќ за Трилинг.
Таа смета дека „живееме во строго патријархална средина. Што побрзо табуата пукаат, толку побрзо ќе дојдеме до нови почетоци. Ќе се обидам преку мојата работа да ги разобличам тие конзервативни стеги и преку прикажување на театарска сцена на тие токсични ситуации да пробам да ги отворам проблемите, многу интимно пред публиката“.