Витаминка: Замрзнатите цени може да имаат контраефект
„Извесно е дека берзанските цени ќе продолжат да растат и во овој период што секако ќе ја зголеми и нашата влезна цена. Тоа претставува реална закана за сите компании чиишто производи зависат од берзанските цени во насока да може да се соочат со сериозни загуби“
Од менаџментот на компанијата „Витаминка“ за порталот „Трилинг“ велат дека како производител ќе ја почитуваат владината одлука и дека и натаму ќе постапуваат согласно насоките и во најголема корист за граѓаните.
Сепак од компанијата напоменуваат дека замрзнувањето на цените може да има и повратен ефект и да предизвика дополнителна нестабилност на пазарот.
„Тоа значи дека следната набавка на суровини може да биде со многу повисоки цени. Ова посебно се однесува на суровото масло затоа што е берзански производ и неговата цена зависи од берзанските движења на цената” – оценуваат од менаџментот на „Витаминка“ за порталот „Трилинг“.
Од компанијата соопштуваат дека со цел да ја задоволи потребата на граѓаните од овој производ и тоа по непроменета цена, „Витаминка“ има набавено достатно количини сурово масло за непречено производство во следните два месеци.
„Извесно е дека берзанските цени ќе продолжат да растат и во овој период што секако ќе ја зголеми и нашата влезна цена. Тоа претставува реална закана за сите компании чиишто производи зависат од берзанските цени во насока да може да се соочат со сериозни загуби“ – објаснуваат од компанијата „Витаминка“ за порталот „Трилинг“.