„Се надевам дека ќе се вратам како директор на Клиниката за кардиохирургија“, вели Сашко Јовев, разрешениот директор на Клиниката за кардиохирургија. Тој соопшто многу информации поврзани со неговата работа ексклузивно за вечерашната емисија на Трилинг и вебсајтот Трилинг.мк.
Тој открива колкава е докторската плата на директорот на Клиниката за кардиохирургија.
Платата на директор без дежурства е околу 80.000 денари, а со дежурства се стигнува и двојно од тоа, вели Јовев.
Тој ја потврди информацијата дека имал средба со министерот Меџити.
Утринава се сретнав со министерот за здравство Фатмир Меџити. Се надевам уште еднаш дека ќе ја преиспита одлука за мое разрешување од Клинката за кардиохирургија и ќе ги прифати реакциите од јавноста, вели професор доктор Сашко Јовев.
Тој додава дека припаѓа на пациентите, а не во министерскиот кабинет.
„Јас им припаѓам на своите пациенти, не сум јас за во министерски кабинет, ја одбивам понудата“, вели проф. д-р Сашко Јовев кој деновиве е актуелен во јавноста.
Јовев за Трилинг вели дека засега останува на клиниката за кардиохирургија и не прифаќа да биде национален советник за Кардиохирургија. Тој очекува да види кој ќе биде негов наследник ако во меѓувреме министерот не ја преиспита својата одлука, но не исклучува и да замине од јавното здравство.
Целата емисија може да ја погледнете на нашиот Јутуб канал.