Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди постигна два прекрасни гола за турски Трабзонспор минатиот викенд, а вториот македонски репрезентативец кој од оваа сезона игра во турската прва лига Езџан Алиоски синоќа првпат погоди за својот Фенербахче и тоа со прекрасен волеј удар кој не се брани.
Фенербахче славеше со 4:2 против Адана Демирспор, а Алиоски, кој влезе во игра во 80 минута во игра, го постави конечниот резултат на 7 минути пред крај.
Погледнете:
Alioski | @Fenerbahce 🚀🚀🔥🔥 pic.twitter.com/D0owOAShhH
— FeneRangers🏴🇹🇷 (@FEN190) August 22, 2022