Нашите политичари ги очекува жешко политичко лето. Додека владејачката структура решава да направи чекор напред гласајќи ги уставните измени и отворајќи го патот кон ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ ги кочи евроинтеграциите велејќи дека не прифаќа промена на Устав под бугарски диктат.
Освен ова, во ДУИ врие. Изет Меџити со своето крило од партија најавува своја партија. Која ќе биде разврската во албанскиот политички блок и дали ќе има уставни промени по македонски терк или под нечиј диктат гледајте вечерва во Трилинг.
Гости во вечерашната емисија ни беа Илија Димовски – Поранешен пратеник на ВМРО ДПМНЕ, Ерол Шаќири – Новинар и колумнист, Сања Митровска – основач и извршен директор на „Networker“ и Лиора Касти, инвеститорка од Израел.
Не пропуштајте.