(Видео) Трилинг: Дали по изборите Пендаровски ќе остане во вила Водно, а Мицкоски ќе влезе на Илинденска бр.2?

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ очекуваат победи на двојните избори, но што не очекува во изборната кампања?

Европскиот фронт не „заживеа“, дали е тоа политичко разидување меѓу Ковачевски и Ахмети и дали со ваквиот настап, всушност се стеснува просторот на се уште владејачката гарнитура на претстојните избори?

Гостинот во Трилинг, Андреј Петров, член на ИК на СДСМ, вели дека на претстојните избори можеме да очекуваме „неколку фрагментирани европски фронтови“.

– Ќе видиме како тоа на крај ќе изгледа, но во секој случај, тоа што е битно, каква и да биде разврската, Македонија нема време за губење и Владата која ќе биде формирана мора да биде проевропска и не смее да биде декларативно проевропска, туку мора задачите за брзо пристапување кон ЕУ да ги заврши веднаш, вели Петров.

Не се согласува дека актуелната владејачка партија има опозициски рејтинг, и вели дека логично е опозицијата по 8 години да има една предност која ја дава долготрајното владеење. Со СДСМ, тврди не раководи Мала речица.

Непосредно пред да замине за Словенија, Лидија Димкова разговара со Горазд Чомовски за својот роман „Единствен матичен број“, кој ја доби наградата Роман на годината.

Ми се роди идеја да напишам роман за една Македонка, која што запознала Грк од Кипар, тој дошол во Македонија, тогашна Југославија и да го следам нивниот живот низ премрежјата и на Југославија, и на Македонија, но пред се на нивната лична определба да живеат во Скопје, да имаат две деца, а сепак тој брак да не функционира како што треба, па и целото семејство, вели таа.

Сакав да го поставам прашањето дали постоиме, во вистинска смисла на зборот, но исто така и во метафизичка смисла на зборот, тогаш кога имаш ЕМБГ, вели писателката.

Во однос на тоа зошто Димковска трагала и главната преокупација и била егзодусот, откако во последните години смесведоци на перманентно иселување или преселба на народите, писателката вели дека „секоја преселба е еден крст кој треба да се носи“.

Израснал во згрижувачко семејство, во еден период од детството бил дел од Домот за деца без родители „11 октомври“. Бил принуден да смени неколку работни професии, се со цел да преживее. Бил оставен од неговата мајка но на речиси 19 години кога одлучил да замине во војска, го имал и првиот контакт со неговата мајка. Денеска има 46 години, бил во брак, но неговата сопруга, по долга битка со ракот, починала. Во бракот со Ангела има дете, девет годишниот Никола.

Во едно негово интервју ќе каже, „никогаш немаше да помислам, ниту ќе помислев, дека моето дете Никола ќе остане без неговата мајка“.

Иван Усовски и неговиот син се гости во „Трилинг“. Неговата неверојатна приказна ја започнува со тоа што вели дека уште во осмата година почнал да чувствува дека му недостасуваат неговите родители.

Додека растел во Домот, вели имало „и убави и неубави работи“, но, за негова среќа, тој ги памети само убавите.