(Видео) Трилинг најава: Двојна победа на ВМРО-ДПМНЕ, крах на СДСМ – дали ВРЕДИ е новиот партнер на Мицкоски?

Двојна победа на ВМРО-ДПМНЕ, крах на СДСМ – за првпат македонските граѓани избраа жена за претседател на државата.

„Да се најде начин да се надмине спорот меѓу Македонија и Бугарија, на начин што Бугарија ќе се откаже од злоупотребата на македонската евроинтеграција за свои тесни шовинистички цели, односно за бугаризација на македонскиот народ. Овој народ не го заслужува тоа, македонско – бугарските односи не го заслужуваат тоа“ вели поранешниот вицепремиер Ивица Боцевски во вечерашното издание на Трилинг.

Аналитичарот Ибрахим Мехмети смета дека „ВМРО-ДПМНЕ сакаат да покажат дека се тие оние кои што одлучуваат кој ќе биде во Влада“.

По две децении владеење ДУИ заминува во опозиција, дали ВРЕДИ е новиот коалиционен партнер на Христијан Мицкоски?

„Се очекува деновиве да почнат со работа работните групи од двете коалиции, приоритетите наши се борба против корупција, правна држава, економски развој и интеграција“ вели Изет Меџити – лидерот на Демократското движење, кое е дел од коалицијата ВРЕДИ.

Дали тандемот Мицкоски – Силјановска ќе успеат да ги релаксираат односите со Софија?

„Не е лошо да влеземе во ЕУ, па таму да се натпреваруваме, да направиме просперитет, луѓево да не ни бегаат“ смета Боцевски.

Тој напомена дека очекува амнестија за осудените за 27 април за да „се затвори едно лошо поглавје во Македонија“.

Вечерва гледајте Трилинг!