Кој ќе биде шестиот претседател на државата по Глигоров, Трајковски, Црвенковски, Иванов и Пендаровски?
„Ако се менува Уставот, тоа мора да стапи во сила, да има одложно дејство амандманот“, вели кандидатката за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ – Гордана Силјановска Давкова.
„Партија во која половина од раководството и ден денес има бугарски пасоши и државјанства се обиде со оваа националистичка реторика да добие некој поен плус и за жал, во еден дел од македонскиот народ посебно, тоа фати место“, изјави се уште актуелниот претседател на земјава – Стево Пендаровски.
„Сметам дека претседателот на државата треба да биде креатор на државниот консензус. Ќе иницирам нов рамковен договор за економски прашања“, вели Бујар Османи, кандидат на ДУИ за претседател и министер за надворешни работи.
„Оваа власт генерира биетничко општество. Нам децата ни се поделени во забавиште во основно и средно образование“, истакнува Максим Димитриевски, прв човек на ЗНАМ и градоначалник на Куманово.
„Гледам Муцунски ја критикува Академијата за судии и обвинители, а пред извесно време, неговата сопруга беше таму избрана во судија“, потсетува Стевчо Јакимовски, градоначалник на Карпош и прв човек на ГРОМ.
„Имаме паралелни општества, а всушност најдобро си комуницираат овие што се на власт, елитите, и нив не им пречат тие разлики“, на мислење е професор Билјана Ванковска, кандидатка на Левица.
Ова е комплетното издание на Трилинг: