Претседателот на ДПА, Мендух Тачи во најновото издание наТрилинг порача дека „интегративниот процес е генералниот имунитет на оваа држава“.
– Ако не постои интеграцискиот процес ние сме на милиметар од растурање на оваа држава – порача Тачи.
На прашањето што ги обедини со Ахмети, тој истакна дека главниот столб на успешноста на Пржинскиот договор се токму тие двајца.
– ДУИ влегува во политиката како бивша герила. Таа кога влегува во политиката, мислат дека тие се закон и морал. ДУИ 2024 година и ДУИ 2002 година има огромна разлика – вели Тачи.
Актуелната директорка на УЈП и заменик претседателка на СДСМ, Сања Лукаревска ја расчисти дилемата зошто не успеала актуелната гарнитура на СДСМ да ги валозира, според нивните изјави, успешните политики.
– Бевме прескромни или малку се фалевме, за тоа ни замеруваат буквално сите, меѓу повеќето забелешки и оваа. Затоа што бевме на едно друго време, кога имавме постојани паради – истакна Лукаревска.
Дали сме жртви и поданици на новата моќ на поединци, одговори проф. д-р Калина Малеска, автор на книгата „Светот што го избрав“.
– Се надевам дека не сме, сакам да верувам дека не сме, но тоа не е доволно, бидејќи не е доволно само да се верува, туку треба да имаме и претстава за реалноста околу себе – рече професорката.
Ова е најновото издание на Трилинг: