(ВИДЕО) Разговори со проф. Бужаровска, Андреа Серафимовски и Влатко Сулев
Во „Трилинг“ разговори со писателката и професор Румена Бужаровска, Андреа Серафимовски, директор во Гранит и претседател на Здружението за градежништво при СКМ и Влатко Сулев, генерален директор на агенцијата Балкан Прајм Турс и во исто време претседател на Националната асоцијација за дојдовен туризам во Македонија.

„Дали постои македонскиот јазик? Да, многу лесно паѓаме во таа стапица и тоа е секако една политичка замка. Многу луѓе сакаат да испаѓаат патриоти, прават политички поени.
-Бунтот има капацитет да се развие и понатаму.
-Најлесно е да се предадеш на очајот и да испаднеш пророк, затоа што тој никогаш ништо не губи“, вели писателката проф. Румена Бужаровска.

„Со тоа што е избрана низ конзорциум со македонска фирма на чело, значи сите тие филтри се поминати и документациски капацитетот е потврден, дека може овој проект да се заврши квалитетно и навремено“, изјави Андреа Серафимовски, директор во Гранит и претседател на Здружението за градежништво при СКМ.

„Нема туризам без промоција. Ние 10 години скоро и да немавме промоција, ниту организирана, ниту структурирана“, изјави Влатко Сулев, генерален директор на агенцијата Балкан Прајм Турс и во исто време претседател на Националната асоцијација за дојдовен туризам во Македонија.
Гледајте не на ТВ24 во 20.45ч , на youtube каналот Трилинг, како и на порталот triling.mk.