(Видео) Пендаровски и сопругата и оддадоа почит на кралицата Елизабета Втора

Претседателот на државата, Стево Пендаровски на својот Фејсбук профил сподели фотографија од потпишувањето во книгата на жалост во Лондон.

„Дојдовме во Лондон за да оддадеме последна почит на Кралицата Елизабета Втора. Голема почит за децениите во служба на народот и за тоа што беше пример за лидерство, скромност и великодушност. Нека почива во мир“ – напиша Пендаровски.

Пендаровски на Фејсбук објави и видео во чиј опис стои: „Со Бети оддадовме почит на посмртните останки на Кралицата Елизабета Втора, пред утрешната погребна церемонија во Вестминстерската опатија“.