„Кога има избори секогаш има некој што буквално ќе плаче. Уште од сега гледаме црна кампања, она што лошо влијае врз луѓето партиите почнаа со оцрнување на конкуренцијата. Чисти ќе бидат изборите секако, не постојат можности за изборни неправилности, освен во рурални средини. Во сите блокови има две спротивставени страни, па нема да постои можност за неправилност. Ќе има и набљудувачи“ вели политикологот Синиша Пекески во најновото издание на Трилинг.
На прашање дали предизборниот валкан вокабулар може да доведе да се оспори исходот од претседателските избори, вели „Не може да се оспори затоа што се совпаѓаат со парламентарните избори. Излезноста ќе биде на високо ниво. Не постои да има тивок бојкот на изборите, на сите им е битно да си ја покажат вистинската вредност и да си го пребројат електоратот“.
„Во Македонија неквалитетот владее, се спроведуваат планови и стратегии. На граѓаните преку глава им е од плукање и негативости. Им треба малку позитивност во животот, ова што сега го прават политичките партии, земаат пи ар експерти кои не си ја знаат работата. Време е да му се даде шанса на квалитетот“ смета Пекески.
Политикологот вели дека „изразот `цунами` и следува на позицијата, лично мислење дека по изборите СДСМ ќе се распадне или ќе се сведе на Декократска странка во Србија, која веќе нема да се издигне. Партијата ЗНАМ има сериозен потенцијал“.
На прашање како гледа на расположението и поддршката на албанскиот електорат тој вели дека „ДУИ секако ќе биде во опозиција. Го туркаме концептот на граѓанска држава, а цело време зборуваме Македонци-Албанци. И на граѓаните од албанската етничка група им е преку глава од корупцијата. Не можеме да зборуваме дека ДУИ има некаква агенда, не постигна ништо, освен финансиски бенефит на водечките луѓе и блиските до нив“.
„Луѓето што упаднаа во Собранието треба да бидат казнети, но не вака драконски. Ова е срамота за Македонија“ вели Пекески.
На прашање дали на Мицкоски му се олеснува патот без да биде условуван од партиите за коалицирање, вели „ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат над 61 пратеник, прв реков, наметната е правилото дека мора да се има албанска партија во Влада. Да не поставуваме квантитети, ништо не мора. Убеден сум дека Мицкоски не е свесен каков товар презема, но кога ќе види со какви предизвици ќе се соочи, ќе му требаат експерти за да се надминат предизвиците. Со кадрите околу себе нема да успее во намерата, освен ако не вклучи експерти“.
„Мицкоски веќе има партнер во Арбен Таравари за новата Влада“ смета Пекески и подвлече дека „не ме интересира дали треба да има 50% жени, или 25% Албанци. Може да има 90% Албанци, ако се способни. Може да има 90% жени ако се експерти, да престанеме со квантифицираме, и заради тоа верувам дека од некаде мора да се почне да се третира квалитетот“.
За изгласувањето на уставните промени, тој вели „може да се промени преговарачката рамка, мора дома да ги расчистеме работите, да покажеме капацитет, па сами ќе не повикаат. Проблемот не е во Бугарија, не стопираат други држави кои преку Бугарија ги наметнуваат новите предизвици. Гледаат колку сме коруптивна држава, катастрофална во секое поле“.