Владата цело време зборува за европска агенда и европски вредности, а во суштина прават нешто сосема спроивно на тоа. Тие отворија врата на руски и кинески капитал, гледаме коруптивни зделки, ништо во однос на реформи, достигнаа невидени размери во влијание на судството и судскиот совет, вели во интервју за „Трилинг“ Иџет Меџити, поранешен градоначалник на Чаир од редовите на ДУИ и претседател на Демократско движење.
„Донесен е Кривичен законик со цел 70 отсто од делата на Никола Груевски да бидат избришани, пробаа и преку притисок во Врховниот суд, сакаа по секоја цена да го вратат на бел коњ Груевски, па за каков европски фронт и за какви европски вредности зборуваат“, изјави тој.
За да се комплетираат уставните измени, вели, мора да се преговара со ВМРО-ДПМНЕ.
„Невозможно е без да се седне со ВМРО-ДПМНЕ, да се преговара и да се најде решение заедно со нив, за да тргне оваа држава кон европските процеси, да се отворат и затворат тие поглавја. Се друго е злоупотреба на европското знаме и интеграции, односно да се зборува за нив а цело време да се тераат коруптивни зделки“, порача Меџити.