(Видео) Марјан Николовски го демантира претседателот Пендаровски: На МПЦ ѝ е овозможено сѐ!

Новинарот од Сител ТВ, Марјан Николовски вечерва гостуваше во Трилинг. Иако сме честопати навикнати да го гледаме дискутирајќи за политичките актуелности, во ова издание со него разговараме за темите поврзани со религијата, Божиќ, МПЦ, но и изјавите на политичарите на овие теми.

Николовски е категоричен за моменталната состојба на МПЦ.

МПЦ веќе влегува втор Божиќ како црква која доби согласност за автокефалност, започнува новинарот.

Тој објаснува што се случува со СПЦ и која е релацијата меѓу овие две цркви.

Во моментов МПЦ де факто е автокефална црква во рамката на српската православна црква, а де јуре е автономна црква во канонските граници на СПЦ, вели новинарот Николовски кој е уредник и на порталот религија.мк.

Пресвртница било доаѓањето на шефот на руската црковна дипломатија.

Проблемот веројатно настана некаде на Божиќ претходната година кога овде во Скопје дојде шефот на руската црковна дипломатија Антониј. Подоцна следуваа серија секојдневни речиси неделни и месечни средби на човекот кој беше во руската црква во Софија, му беше забранет влез во Македонија и беше протеран во Бугарија. Што во меѓувреме се случи после тој 7 јануари минатата година до ден денеска е прашање кое МПЦ треба да одговори, вели Николовски.

Тој додава дека МПЦ не треба да се откаже од дијаспората.

 

Лага е дека вселенската патријаршија бара МПЦ да се откаже од дијаспората во интерес на вселенската патријаршија. Лага е дека вселенската патријаршија бара никој никаде да не смее да го спомнува името „Македонска православна црква“. Сето тоа се конструкции кои во јавноста ги пласираа владиците за кои Пендаровски во едно интервју рече дека по информации на „своите пријателски служби од НАТО се во дебела релација со руски разознавачки служби“.

Николовски ја образложува и висината која е спортивна од ставот на претседателот Пендаровски.

Вистината е следна: Некаде последниот обид за продолжување на разговорите со вселенската патријаршија ѝ е овозможено се, а треба да се разговара за три точки. Тие се: Име за црква – дали ќе биде православна црква или Охридска архиепископија. Второто прашање се однесува околу титуирањето на епархиите во дијаспората, а не нивно укинување. А третото клучно прашање е МПЦ да го ревидира својот став по повод на украинското прашање.

Николовски детално објаснува што и како се случува во МПЦ, за Божиќ, но и сите сличности со овие теми. Не пропуштајте го ова интервју: