(Видео) Има мртви по земјотресот во Еквадор

Во силниот земјотрес што го погоди Еквадор во неделата по 18 часот сепак има мртви и повредени.

Засега е потврдено дека животот го загубиле шест лица, меѓу кои и едно дете.

На социјалните мрежи се шират драматични снимки од земјотресот. На нив се гледаат урнати куќи и луѓе во паника, додека луѓе се собираат на улиците во страв од евентуален нов земјотрес.