(Видео) Вучиќ влезе во кујна и ги пробуваше јадењата подготвени за грчката колешка

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави видео на Инстаграм на кое се гледа како влегува во кујна и ги пробува јадењата кои ги подготвиле готвачите во неговата резиденција, со коментар: „После се чудам зошто сум дебел“.

Вучиќ влезе кај персоналот кој ја подготвуваше свечената вечера со претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу.