Универзитетскиот професор, академик Абдулменаф Беџети е гостин вечерва во „Трилинг“. Со него ра
Ректорот Беџети смета дека заради национал-патриотската карта ние како држава сме ја изгубиле можноста за почеток на преговори со ЕУ.
По создадената добра клима цело време за да се почнат преговорите, да се отворат поглавјата, заради разни дневно-политички причини ја изгубивме и оваа година која е многу значајна. По непосредните кризи од Ковидот, војната во Украина, инфлацијата, енергијата, растурање на синџирот на набавки на крај се ни заврши неуспешно за отворање на процесот на преговори заради причина која по една година најверојатно ќе е надмината. Испуштивме една златна година, вели тој.
Според професорот штета е ако Албанија почнува преговори пред нас, а ние многу подолго имаме кандидатски статус како држава. Тој вели дека штета е што народот се дели на патриоти и предавници.
Во немање соодветна програма гласачите сме ги тренарле да се делат на патриоти и издајници. Кој е поголем патриот или кој е поголем издајник. Ако така сте ја тренерале или структурале политичката култура кај гласалкото тело тоа не може брзо да се смени, вели професорот.
Според Беџети буџетот е добар моментално, а оваа финансиска кондиција е соодветна за Македонија и може да се остварат зацртаните цели.
И самите критичари на буџетот знаат дека тој не е мегаломански и не е преголем буџет. Треба да увидите колку е зголемувањето на буџетот и по тој основ не е важна апсолутната бројка. Треба да видиме дека 5 и пол мијарди се расходна страна, а малку помалку приходно. Но, без разлика која страна да ја споредиме во однос на релативното учество на буџетот приходната страна е 30%, а расходната страна е околу 35% од БДП, што после Косово е на најниско од земјите на Западен Балкан. Така се мери дали буџетот е добар или не – колку учествува БДП, потенцира професорот Беџети.
Тој како втор аргумент за тоа дека буџетот не е мегаломански и растот не е вештачки е тоа што приходната страна расте за 10%, а расходната страна со точно 5.8% што равенката води кон буџетска консолидација.