Кандидатката за претседател од Левица која не влезе во вториот круг Билјана Ванковска во своја објава на Фејсбук за својата противкандидатка Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека не се пријателки бидејќи приватно ја навредувала, а во еден од коментарите додаде дека иако не ја напаѓа нејзе јавно, тоа го прави на низок начин кон Пендаровски во јавноста. Таа од Силјановска очекува барем малку објективност.
„Тоа е медиумска мантра дека сме пријателки… Инаку таа него додржа нивото кога ми пишуваше пораки на Телеграм до 2 часот наутро. Само не ги споделувам. Овде бевме и сме во идеолошка и политичка битка на различни страни. Јас напаѓам ФАКТИ, а не делам ad hominem квалификации. Ако за Кина знае од Перл Бак, тоа е скандалозно за претседателка на држава!“, додава таа.
Таа истакна дека Силјановска го напаѓа Пендаровски на многу низок начин, а на Бујар му делеше дијагнози.
„Таа го напаѓа Стево и тоа на доста низок начин. На Бујар му делеше дијагнози. Малку објективност не е на одмет. Мене ме навредуваше приватно“, пишува Ванковска.