Бојко Ноев – екс бугарски дипломат на државната БНТ вели дека Кирил Петков е прагматичен, а тоа го покажал со ставот дека е потребна најпрво анализа, а потоа конкретни чекори за секоја од политиките. Ноев смета дека е многу важно да се направи анализа и на односот со Р. С. Македонија.
„И ние сакаме работите да тргнат побрзо, но земјата-кандидат е Република Северна Македонија. Таа мора да исполни важни критериуми“ вели тој.
Ноев е на став дека „четири години ништо не се случило во односите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија, а по потпишувањето на Договорот за добрососедство односите меѓу двете земји се движеле во надолна линија.
Ноев смета дека Петков треба да разјасни кои се причините Македонија да го промени ставот кон спроведувањето на договорот и дали Бугарија дала повод за тоа.
Потенцира дека иако има притисок Бугарија да го смени ставот, до тоа нема да дојде.