МЗ информира дека во последните 24 часа направени се 4.939 тестови, а регистрирани се 1.722 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 1.011, Кавадарци – 85, Куманово и Битола – по 83, Прилеп – 51, Тетово и Велес – по 50, Гостивар – 37, Валандово – 30…
Од вкупниот број на позитивни (1.722), регистрирани се 250 реинфекции.
Регистрирани сe 1.942 оздравени пациенти од: Скопје – 663, Битола – 250, Кавадарци – 151, Куманово – 106, Тетово – 82, Кичево – 64, Прилеп – 62, Велес – 61, Гевгелија – 51, Струмица – 50…
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 16 починати лица: 6 починати лица од Скопје (61г, 72г, 73г, 75г , 79г и 88г), и по едно починато лице од Битола (69г), Велес ( 68г) Делчево (71г), Демир Хисар (80г), Крива Паланка (85г), Неготино (65г), Радовиш (78г), Струга (64г), Струмица (65г) и Тетово (83г).
Од пријавените лица, 15 се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 9 починати лица, Скопје (2), Охрид (2), Богданци (2), Свети Николе (1), Делчево (1) и Кочани (1). Починатите се на возраст од 47г до 92г.
Брпјот на починати е 8.624, а бројот на активни случаи изнесува 12.072.