Радев: Бугарија очекува уставни гаранции за почитување на правата на македонските Бугари

„Бугарија активно работи и ја поддржува европската перспектива на своите соседи од Западен Балкан како најбезбедна мерка за безбедноста, стабилноста и економскиот напредок на нашиот регион. Затоа, нашата земја очекува да постигне конкретни резултати на полето на економијата и поврзаноста, како и во однос на отворените билатерални прашања во дијалогот со Република Северна Македонија“. Ова го изјави претседателот на Бугарија – Румен Радев на работна средба со амбасадорите на земјите членки на ЕУ.

„Меѓу нерешените политички прашања се издвојуваат почитувањето на правата на македонските Бугари, засилувањето на јазикот на омразата и посегнувањата по бугарското културно-историско наследство. Оставањето на овие прашања по страна ќе го забави и напредокот во процесот на европска интеграција“ – рече Радев.

Според шефот на државата, тоа треба да се случи пред почетокот на преговорите на С. Макеедонија за членство во ЕУ.

„Почитувањето на човековите права и исполнувањето на критериумите од Копенхаген за членство не може да се третира само како билатерално прашање меѓу Бугарија и СРМ, тие влијаат на основните европски вредности, не можат да се преговараат и се јасен показател за европската зрелост на СРМ. Тешко е да се прифати тезата дека во парламентот на земја кандидат за членство во ЕУ нема 2/3 мнозинство за да се изрази силната политичка волја за постигнување полноправно членство“ – додаде Радев.