Бројот на починати како последица на Ковид 19 во земјава надмина 9.000

Министерството за здравство информира дека од 2.560 тестови регистрирани се 378 нови случаи на КОВИД-19: Скопје –178, Куманово – 25, Битола – 23, Велес -21, Прилеп – 20, Кавадарци- 19…

Од вкупниот број на позитивни (378), регистрирани се 58 реинфекции.

Регистрирани сe 432 оздравени пациенти од: Скопје – 261, Битола – 28, Кавадарци – 24, Куманово – 18, Охрид – 16, Велес – 15, Прилеп – 12…

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 7 починати лица: 4 починати лица од Скопје (70г, 70г, 71г и 77г) и по едно починато лице од Битола (82г), Кратово (63г) и Охрид (90г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Досега во земјата починати sе 9.001 лице, а бројот на активни случаи изнесува 4.172.