Лиз Трас – шефицата на британската дипломатија најави усвојување нови закони за зајакнување на британскиот режим на санкции, кои можат да се применат во случај на руски напад врз Украина. Таа во Долниот дом на Парламентот истакна дека ќе поднесе предлог-закон, кој значително ќе ја зајакне британската позиција против агресивните дејствија на Русија кон Украина. Тие санкции би можеле да опфатат повеќе поединци и компании во зависност од нивната важност за Кремљ.
„Ќе можеме да ги таргетираме сите компании поврзани со руската држава, кои имаат значајни економски активности за руската држава или работат во стратешки важен сектор“ – изјави Трас.
Според министерката, тоа ќе биде најстрогиот режим на санкции што некогаш бил воспоставен против Русија и најголемата промена во пристапот на Британија откако ја напуштија ЕУ.