Брејвик на сослушување за условно ослободување
Убиецот Андерс Беринг Брејвик со нацистички поздрав влезе во судот на сослушување за условна казна. Во норвешкиот суд се одлучува дали тој ќе биде ослободен откако помина повеќе од една деценија во затвор.
Брејвик уби 77 луѓе во најголемото злосторство во Норвешка во јули 2011 година. Тој уби осум лица со автомобил во Осло, а потоа 69, пред се тинејџери, во камп за млади од Лабуристичката партија на островот Утоја. .
Брејвик во судницата донесе натписи на кои меѓудругото пишуваше „Запрете го геноцидот над нашите бели нации“ и „Нацистичка граѓанска војна“.
Брејвик за своите злосторства ја обвини онлајн радикализацијата од страна на мрежа на крајнодесничарски екстремисти без лидер, која, како што рече, ги мотивирала неговите напади.
„Ми го испраа мозокот. Наредбата беше… повторно да се воспостави Третиот рајх. А како да се направи тоа одлучува секој војник“ – рече тој.
Брејвик сега има 42 години, отслужува максимална казна, која во Норвешка изнесува 21 година, но која може да биде продолжена на неодредено време доколку се смета за континуирана закана за општеството.