Рекорден број на новозаразени со Ковид 19 во Србија, Словенија и во Хрватска

Лоша е епидемиолошката состојба со Ковид 19 во земјите од Западен Балкан, а посебно е тешко во Словенија, Србија и Хрватска каде има рекорден број на новозаразени со коронавирусот.

Србија денеска евидентираше рекорден број на новозаразени со коронавирус – 18.006 случаи од 39.740 тестирани примероци, соопшти тамошното МЗ. Во изминатото дононоќие од последици на Ковид-19 починале 26 лица.

Во последното деноноќие во Хрватска, 6.001 лице биле позитивни на Ковид 19 со направени брзи антигени тестови од 40.575 тестирања. На оваа број ќе се додадат и ПЦР тестовите, па се доаѓа до бројката од 13.549 новозаразени, што е рекорд од почетокот на пандемијата во земјата.

Дневен рекорд на заразени од Ковид 19 има и во Словенија – 8.681 нови случаи. Стапката на позитивност во оваа земја е 63 отсто.

Во Босна и Херцеговина денеска се регистрирани 3.342 новозаразени лица од вкупно 7.529 тестирани за коронавирус.

Во последните 24 часа во Црна Гора од коронавирус починале шест лица, а регистрирани се 1.814 нови случаи на зараза.