„Реториката пред изборите и тоа што е реалноста со овие бројки е нешто сосема друго. Она што треба да прифати ДУИ е што сега имаме нов мандатар, сосема нова реалност. Имаме партија која освојува големо мнозинство во Парламентот и апсолутно имаат право да ги постават своите услови и контури за тоа како замислуваат дека треба да изгледа новата влада“ рече новинарот Зоран Бојаровски на интервју на Канал 5.
Тој додаде дека изминаа времињата кога можеле да се случат проблеми како резултат на изборите.
„Имаме нова реалност и мислам дека ДУИ нема да влезат во некое сценарио, но се може да се промени. Може да се случи во едно сценарио кое може да ја одведе Македонија во подобри правци во смисла на подобри меѓународни политики“, посочи Бојаровски.