„Советодавниот совет за национална безбедност, свикан од претседателот на Бугарија Румен Радев на тема Северна Македонија, беше апсолутно непотребен, бидејќи само ги потврди намерите запишани во Договорот за добрососедство уште од владата на ГЕРБ. Сепак, вистинската цел беше друга – Радев да покаже дека всушност тој управува“.
Ова според бугарските медиуми е ставот на лидерот на партијата и поранешен премиер Бојко Борисов.
„Сосема непотребен Советодавен совет за национална безбедност. Несвесен што му се случи вчера – претседателот Радев му ја одзеде секоја можност за маневри. „Затоа што, кога апсолутно сите партии се на истиот став, тие дури и во Парламентот нема како да бараат реакција“ рекол Борисов како коментар на постапките на претседателот Радев.
Според Борисов, ништо суштински ново не било формулирано на седницата на Советодавен совет за национална безбедност, а што го нема во Договорот за добрососедство.