Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, денеска се залагаше за користење на европските фондови за зајакнување на военото производство во Украина.
Пред почетокот на форумот за одбранбена индустрија ЕУ-Украина во Брисел, Борел рече дека е неопходно да се проучи како военото производство во Украина може да се зголеми со помош на фондовите на ЕУ, што би било еден од чекорите кон интеграција на украинскиот воен сектор во европскиот, објави шпанската агенција Europe Press.
Борел истакна дека на овој начин ќе се забрза производството и ќе се заштедат транспортните трошоци.