„Европската Унија оценува дека целта на Русија не е да ја окупира Украина, туку само да изврши притисок врз Киев со цел да се ревидира безбедносната архитектура во Европа“. Ова го изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност – Жосеп Борел.
„Украина не е важна за Русија. За Русија, архитектурата на безбедноста во Европа е важна, архитектурата што ја оспорува. Тие се загрижени за безбедноста и сакаат да разговараат за тоа“ рече истакна Борел за време на посетата на Вашингтон.
Тој додаде и дека целта на Москва не е да ја нападне Украина, туку преку притисок врз Киев да зборува за нешто важно за Русија, а тоа е, како што нагласи, проширувањето на НАТО и безбедносните грижи на тој план.
Потенцираше дека мора да се земе предвид загриженоста на Русија и да се разговара за тоа.