Мицотакис: Грција ќе продолжи да ја поддржува европската перспектива на земјите од Западен Балкан

При средбата на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ со премиерот на Грција беше разговарано за ЕУ перспективата на регионот, а Мицотакис потенцираше дека „Грција ќе продолжи да се бори, да ја поддржува европската перспектива на земјите од Западен Балкан“.

„Европскиот пат на Западен Балкан е апсолутно неопходен за да обезбедиме стабилност и просперитет во нашиот поширок регион“ – рече Мицотакис.

И Ѓукановиќ, се согласи со ставот на грчкиот премиер и истакна дека Црна Гора е апсолутно уверена дека единствениот начин за да се воспостави стабилност и развој на Западен Балкан е преку европската и евроатлантската интеграција, а на регионот му е потребна помош и поддршка од Грција.