Богоев: Немало Влада кај нас во чиј мандат пред лице на правда се изведени толку многу функционери

„Изјавата на премиерот Ковачевски дека доаѓа најтешката зима по Втора светска војна се поклопува со изјавата на генералниот секретар – Гутереш.  Се преземаат многу мерки за спречување на енергетската криза, се спасуваат околу 2.000 денари во секое домаќинство, се зголеми минималната плата, се зголемија пензиите, се зголемија платите во образованието. Паралелно со увезената инфлација се субвенционира, се покачуваат плати. Јас сум искрен, преку ноќ подобро не може да биде, да работиме да биде подобро. Ако влеземе во изборен процес – 4 месеци ништо нема да работиме“ – вели Стефан Богоев, потпретседател на СДСМ во најновото издание на Трилинг.

Тој смета дека „Алтернатива за членство во ЕУ во светот нема, за нас како држава тоа е стратешка определба. Партнерството со САД е само бенефит плус, во повеќе области, ќе можеме да соработуваме со тамошните институции. Знаеме дека процесот на преговори, кога и да почнат, ќе трае со години. Се надевам дека многу брзо ќе добиеме шанса да почнеме преговори“.

„Коалицијата со ДУИ се заснова на стратешки определби, ние имаме прилично усогласени ставови. Не се сеќаваме на некоја влада во чиј мандат пред лице на правда биле изведени толку многу функционери. Се покажаа чекори кои во време на режим беа мисловна именка. Додека СДСМ е на власт секој што се огрешил пред правдата, без разлика на позицијата ќе си одговара“ вели Богоев.