Ентони Блинкен – американскиот државен секретар му вети на официјален Киев дека „нема да има преговори за Украина брз Украина“.
Во телефонски разговор со неговиот украински колега Дмитро Кулеба, Блинкен споменал „можни одговори на Соединетите Држави и нивните сојузници“ на трупањето руски сили на границата со Украина.
Наводно двајцата претседатели разговарале за дијалогот кој почнува во понеделник, со директните американско-руски разговори во Женева пред состанокот на НАТО и Русија во среда во Брисел и состанокот на Организацијата за европска безбедност и соработка.
Блинкен ја потврдил „цврстата поддршка на САД на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина пред руската агресија која таму се случува“ – соопштуваат од американскиот Стејт департмент.