Блинкен: Ако Русија ја нападне Украина, ништо од гасоводот
Американскиот државен секретар – Ентони Блинкен денеска рече дека „малку е веројатно дека гас ќе протече низ гасоводот Северен тек 2 доколку Русија ја обнови својата агресија врз Украина“.
„Тој гасовод… гасот не минува низ него во моментов. Всушност, тоа е средство за влијание на Русија, бидејќи се` зависи од тоа колку рускиот претседател Владимир Путин сака да види проток на гас низ тој гасовод – дали и кога тој станува оперативен. Веројатно е дека тоа ќе се случи доколку Русија ја обнови својата агресија против Украина“ – рече Блинкен.
Министрите за надворешни работи на Г7 ја предупредија Русија дека „ќе претрпи сериозни последици доколку изврши агресија врз Украина“.