Билјана Јовановска не е веќе директор на ПИОМ

Денеска УО на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија ја разреши од функцијата директорката – Билјана Јовановска.

Оттаму информираат дека разрешувањето на Јовановска е поради договорот директорското место да и припадне на партијата Алтернатива, новиот коалициски партнер во Владата предводена од СДСМ и ДУИ.

На местото на досегашната директорка Јовановска треба да дојде Дритан Беџети.

Оваа одлука е помината на седница на Управниот одбор на Фондот, но треба да биде потврдена од Владата.