Ректорот на универзитетот на ЈИЕ и академик Абдулменаф Беџети вели дека реагирал за документот и денес го има истиот став дека не треба да се преплетуваат тие димензии и аспекти. Бил непријатно изненаден од документот што се нарекувал Манифест.
– Направен на нешто што беше потврдено, во едно здружение на неприродни коалиции. Македонската етничка заедница треба да биде малку самокритична во однос на тоа колку големо разбирање и позиција покажа другата заедница во државата. – вели академик Беџети.
Вели дека ја критикувал самоволната иницијатива и изјаснување на претседател на МАНУ. Тој ја претставува институцијата МАНУ, тоа не беше негов личен став, вели академик Беџети.
– Јас изразувам лични мислења. Ако некаде ми пишува резолуција , дека институцијата ја објавува, а јас треба да потшпишам, тоа веќе не е личен став. За такви документи кои се важни, се прашува фундаментот на таа институција, а тоа е собранието на МАНУ каде членуваат си членови. – вели академик Беџети.
Вели дека има и секции, одделенија, претседателство, извршен одбор на МАНУ. Тоа не е ловечко друштво, туку врвна научна институција, која државата ја чини 2 милиони евра. Вели дека не барал оставка, туку расправија во МАНУ, бара само институционално онесување однесување на било кој поединец во МАНУ.