Карим Бензема стави потпис на три годишниот договор со Ал Итихад. За три години, Бензема ќе заработи 600.000.000 евра. Ова е најголемиот договор во историјата на фудбалот.
Ал Итихад ќе биде третиот клуб во кариерата на 35. годишниот француски напаѓач кој започна како играч на Лион, а во Реал се пресели во 2009 година.
Вкупно за Реал постигна 354 гола и е втор стрелец во историјата на мадридскиот клуб. Прв е Кристијано Роналдо со 450 голови. Португалецот во јануари се пресели во Саудиска Арабија и го носи дресот на Ал Наср.
Бензема е актуелен освојувач на „Златната топка“, а со Реал петпати ја освојуваше Лигата на шампионите, како и Светското клупско првенство.
Тој исто така освои четири титули во шпанската Ла Лига.