Белгија ќе ги олабави ковид мерките
Во петок владиниот комитет во Белгија ќе одлучува за идните мерки за спречување на ширењето на ковид, а со оглед на намалениот број на инфекции – се очекува олабавување.
Последните статистики на Институтот за јавно здравство на Белгија покажуваат дека бројот на заразени со Ковид-19 опаднал за 37 отсто, иако бројот на починати и хоспитализирани останува прилично висок.
Неколку недели по ред повеќе министри во разните влади на Белгија повикуваат на олеснување на рестрикциите.
Ќе треба да се почека петок за да се знае со сигурност дали се оди кон олабавени мерки.