Бектеши: Следува година на економско закрепнување
„Посакувам 2022 година да биде среќна и бериќетна за сите, да преовладува љубовта и разбирањето меѓу луѓето! Годината што ја оставаме зад нас, ни донесе многу предизвици кои ги надминавме со меѓусебна поддршка“. Ова својот профил на Фејсбук го напиша министерот за економија – Крешник Бектеши.
Тој истакнува дека следната година ќе биде година на економското закрепнување после сите удари и негативни последици кои ги предизвика пандемијата КОВИД-19!
„Се надевам дека следната година ќе биде година на економско закрепнување после сите удари и негативни последици кои ги предизвика пандемијата COVID-19, овој невидлив непријател кој сè уште е присутен и опасен! Со голема посветеност ќе продолжиме максимално да се ангажираме да ја надминеме што побрзо енергетската криза која ги зафати повеќето земји во светот. Најважно од се, Ви посакувам на сите да останете во добро здравје“ – напиша министерот Бектеши.