„СAД и нивните сојузници `одлучно ќе одговорат` доколку Русија дополнително ја нападне Украина“. Ова е пораката која американскиот претседател Џо Бајден му ја пренел на на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопштија од Белата куќа.
Бајден пред неколку дена одржа втор разговор за кус период со рускиот претседател Владимир Путин во период кога на руско-украинската граница Русија распореди околу 100.000 војници.
„Претседателот Бајден јасно стави до знаење дека САД и нивните сојузници и партнери ќе одговорат одлучно доколку Русија дополнително ја нападне Украина“ – рече портпаролката на Белата куќа – Џен Псаки.
Зеленски, пак, рече дека разговарал со Бајден за заеднички активности за зачувување на мирот во Европа и спречување понатамошна ескалација.
„Овогодинешниот прв меѓународен разговор со Бајден ја докажува посебната природа на нашиот однос“, објави Зеленски на Твитер.