Претседателот на САД, Џо Бајден упати апел до сограѓаните да примат трета доза од вакцината против Ковид-19 и да го поддржат неговиот план за контрола на новиот сој Омикрон. Тој побара од приватните осигурителни компании да ги покријат сите трошоци за домашни тестови на коронавирус, но рече дека се заложува и да се заострат условите за тестирање на сите луѓе кои доаѓаат во САД, без разлика дали се вакцинирани.
„Експертите сметаат дека бројот на случаи на коронавирус ќе продолжи да се зголемува во наредните недели оваа зима, поради што мора да бидеме подготвени. Објавувам одлучен план во борбата против Ковид-19 и мислам дека треба сите да не обедини“ рече Бајден.
Претседателот на САД ги повика компаниите да наложат имунизација на своите работници, за да можат да останат отворени без ширење на инфекцијата.