Претседателот на САД – Џо Бајден изјави дека рускиот претседател Владимир Путин „мора да плати скапа цена за неговото варварство во Украина“. Бајден од Јапонија ја наведе важноста да се испрати порака со долгорочни санкции за Русија.
„Ако, всушност, по сето она што тој го направи, дојде до зближување меѓу Украинците и Русија, а санкциите не продолжат да се одржуваат на многу начини, тогаш каков сигнал испраќа тоа до Кина за обидот да го заземе Тајван со сила? – рече Бајден.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска повика на зголемен притисок врз Русија, велејќи на Светскиот економски форум во виртуелно обраќање дека треба да има ембарго на руската нафта, блокади на руските банки и стопирање на секаква трговија со Русија.