Петков: Конструктивниот дијалог со С. Македонија мора да се поддржи и да продолжи!

„Многу важно да продолжи конструктивниот дијалог со Северна Македонија“ изјави бугарскиот премиер Кирил Петков по аудиенцијата кај папата Франциск во Ватикан.

Според него, иако има многу сили од двете страни на границата кои се обидуваат да го истуркаат овој дијалог од конститутивноста, тој мора да се поддржи и да продолжи.

За укинување на ветото, посочи Петков, може да се говори откако Министерството за надворешни работи ќе ги претстави последните резултати од напредокот во дијалогот со Северна Македонија. Резултатите потоа треба да бидат доставени до парламентот, кој ќе расправа и ќе изнесе јасен став за тоа што треба да направи бугарската влада.

„Сè друго ќе се користи за внатрешно-политички цели во Бугарија. Ова е национално прашање и треба да има широк консензус кој ќе ја вклучува и вадејачката коалиција и опозицијата. За национално прашање како ова, кое е толку важно, никој нема право да решава сам. Оттогаш се случија многу работи, имаше многу разговори, имаше многу различни предлози, имаше многу различни светски лидери кои го искажаа својот став на оваа тема, има многу информации од службите. И нема подобар формат – да седнеме сите на маса и да разговараме што се однесува на нашата позиција и кои чекори треба заедно да ги преземеме понатаму“ – изјави Петков по аудиенцијата кај папата Франциск.